Франција во проблеми: Погба поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Катар?!
Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба е повреден од почетокот на сезоната, кога го повреди скочниот зглоб. Веднаш штом почна да тренира, решен да се приклучи на француската репрезентација, го повреди бутниот мускул.
Препорачано
Лекарите наведуваат дека повредата не е сериозна, но бара минимум десетдневен одмор. Со оглед на временските ограничувања, на Погба ќе му требаат уште толку денови за да се подготви за Мундијалот. А тоа би можело да го натера селекторот Дидие Дешамп да размисли дали му треба играч кој не е 100 отсто физички подготвен за Светското првенство во Катар 2022.
Погба го одигра последниот натпревар во средината на април, што јасно покажува колкава пауза направи. Со оглед на тоа што Мундијалот ќе го пропушти Нголо Канте поради повреда, сосема е разбирливо зошто е загрижен францускиот селектор, бидејќи без него и евентуално Погба „триколорите“ ќе бидат доста ослабени на СП на кое ја бранат титулата.
И тука не е крајот на главоболките на Дешамп, бидејќи Светското првенство поради повреди ќе го пропуштат и Мајк Мењан, Рафаел Варан, Јусуф Фофана, Бубакар Камара…Француските медиуми пишуваат дека отсуството на Погба и Канте е добра можност за Камавинга, Чуамени, Гендузи, Рабио, Толисо, Лемар, да се докажат.
Французите ќе играат на СП во групата „Д“, а противници ќе им бидат Данска, Тунис и Австралија.


