Франција е првиот четвртфиналист на ЕП, во луд натпревар ја победи Турција

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Кошаркарската репрезентација на Франција е првиот четвртфиналист на Европското првенство откако во крајно неизвесен натпревар со 87:86 ја победи Турција. Противник на Франција во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Србија и Италија кои ќе играат утре.

„Триколорите“ со серија од 7:0 го започнаа натпреварот и веднаш наметнаа ритам кој мораше да следат Турците. Французите без проблеми ја одржуваа предноста и кон средината на втората четвртина поведоа и со 15 поени разлика (31:16).

Но, на неколку минути пред одморот, Турците почнаа да се будат и успеаја првото полувреме да го завршат со едноцифрена негатива (43:35). Франција на стартот од третата четвртина поведе со 48:39, а потоа до крајот на овој дел од играта, Турција направи неверојатна серија од 0:19 за видстви од 49:57.

Франција го отвори последниот дел со серија од 7:0 и се врати во живот, а по поените на Мбаје дојде до минус еден 56:57. Турците одговорија со пет поени по ред за 63:59.

Франција постигна поени преку Ертелм а потоа со тројката на Луваву дојде до израмнување на 66:66 на пет минути до крајот. Потоа следеше период во кој се играше поен за поен и во последната минута од натпреварот Франција влезе со предност од 73:72.

Во следниот напад Коркмаз изнуди прекршок при шутот за три поени по што ги реализира сите слободни фрлања. На 25 секунди до крајот Фурние стапна на линихата и топката ја добија Турците преку Коркмаз погодија за 77:73. Французите одговорија до два поени но и со неспортска лична грешка на 11,8 секунди до крајот.

Овој пат Турците не ги реализираа слободните фрлања, по што Руди Гобер на две секунди до крајот ја заби топката за израмнување и продолжение од пет минути.

Во продолжението Франција беше подобра и отвори со 4:0, но Турција не се предаде и по тројката на Коркмаз намали на 83:82. На 90 секунди беше досудена неспортска лична грешка врз Гобер кој беше сигурен од линијата за слободни фрлања за 87:82. Но, ниту тоа не беше крајот, Франција промаши еден напад, направи прекршок, а Турција дојде на еден поен негатива на 39 секунди до крајот.

На другата страна Гобер ги промаши двете слободни фрлања, Турција имаше напад за победа, но на 5 секунди до крајот Коркмаз ја загуби топката и ја испрати Франција во четвртфиналето.

Руди Гобер постигна 20 поени со 17 скока за Франција, Томас Ертел и Еван Фуриние дадоа по 13 поени, додека на другата страна Бурган Тангер постигна 22 поени, Фуркан Коркмаз 18, а Сертач Санли 12 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот