Франција будно ја следи состојбата со бурата Фиона, вели Макрон

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Франција добро ја знае заканата од природна катастрофа за Гвадалупе по силното невреме поврзано со моќната бура Фиона, која предизвика поплави на Карибите, при што загина еден човек, објави на Твитер францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

„По невремето Фиона, моите мисли одат во Гвадалупе, до нашите сонародници кои се погодени од невремето. Состојбата на природна катастрофа ќе биде препознаена и ќе се мобилизира фондот за помош за прекуокеанските територии“, напиша Макрон.

Еден човек синоќа беше пронајден мртов, откако неговата куќа била однесена од поплавите во областа Басе-Тер, соопштија локалните власти.

Официјалното признавање на природната катастрофа, исто така, овозможува пристап до барањата за осигурување за природни катастрофи за жителите и деловните субјекти кои го чистат и почнуваат да го поправаат имотот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот