Фото: EPA/RONALD WITTEK

Фрајбург и Селта Виго во четвртфиналето на Лигата на Европа

Откако загубија минимално во првиот натпревар (1:0) во Белгија, во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа, фудбалерите на Фрајбург триумфираа на домашен терен со 5:1 над Генк.

За германскиот клуб во 19 минута стрелаше Гинтер за водство, а предноста во 25 минута ја зголеми Матановиќ. Во првото полувреме видовме уште еден гол, гостите намалија преку Сметс (39`).

Во 53 минута Грифо зголеми на 3:1, во 57 минута за 4:1 се погрижи Сузуки, а конечниот епилог го постави Егестеин (79`).

Во четврфиналето се пласираше и составот на Селта Виго која успеа на возвратниот дуел на гости да слави со 2:0 против Лион. На првиот меч во Шпанија резултатот беше 1:1.

Французите играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ниахате во 19 минута. На првиот погодок се чекаше до 61 минута кога стрелаше Руеда, а во самиот финиш од средбата домашната мрежа ја затресе Јутгла за 2:0 (90+2`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот