ФОТО+ВИДЕО | Викторија Лоба во снежна бајка: Пејачката објави ретка фотка со сопругот од италијанските падини
Македонската пејачка Викторија Лоба го искористи зимскиот период за да се препушти на снежните авантури во Италија. Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им сподели неколку фотографии од зимувањето во Вал Гардена, познатиот скијачки центар во Доломитите.
Препорачано
Лоба, која важи за една од најстилските јавни личности во Македонија, во оваа прилика покажа и дека е љубител на скијањето. Облечена во тренди зимска облека, пејачката се насладуваше на снежните падини и ја истакна убавината на италијанските скијачки центри.


Иако таа ретко објавува фотографии со сопругот Ѓорѓи, овојпат одлучи да ги израдува своите фанови, покажувајќи ја нивната заедничка љубов кон авантурите. На објавата, бројни фанови и пријатели ѝ упатија пофални зборови за прекрасните моменти што ги споделува.
Судејќи според нејзините фотографии, зимувањето во Италија за неа е вистинско полнење на батериите пред новите предизвици во 2025 година.

ФОТО+ВИДЕО | Зимска идила: Викторија Лоба на скијање со сопругот на Копаоник


