ФОТО+ВИДЕО | Стиховите од познатата песна на Балашевиќ се појавија во Украина

Фото: Инстаграм/Јутјуб

Познатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ беше против војната во поранешна Југославија, а како порака за мир секогаш ја пееше песната „Само да рата не буде“.


Нејзините стихови сега ги објавија уметници од Украина, кои на социјалните мрежи ги сподели синот на починатиот кантавтор, Алекса Балашевиќ.

„Стиховите на татко ми на уште едно бојно поле. За жал. Во Украина!!! Преведено: „Само да нема војна, лудило меѓу луѓето“. Ова не е ситуација кога гордоста е на прво или на второ место, ова е за жал ситуација каде што гордоста е на последното место додека молитвата, помошта и тагата се на пиедесталот. Добив море пораки кога татко ми отиде меѓу ѕвездите од цела источна Европа, тогаш се надевав дека ќе продолжат да ми пишуваат за неговите љубовни песни, да ме прашуваат дали навистина постои „Божа пуб“, но … Господе нека ни е  напомош! Група на културно-уметничко друштво на словенската душа составена од нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од источна Украина ни го испрати ова со наслов „Нашата едноставна словенска душа“ на улиците на Мирноград, град во регионот Доњецк каде свети ѓаволот ги пали своите кандила, но Господ наскоро ќе му ги изгасне… Нема да се изненадиме кога ќе ни јават дека еден дух лета над Крим, Одеса и Карпатите и сее мир, како што сееше каде и да одеше… Алекса Балашевиќ „Спасибо братья! Мир во Украина“, напиша Алекса Балашевиќ.

По овој повод се огласи и Оливера Балашевиќ, вдовицата на починатиот уметник, која на Инстаграм ги објави фотографиите кои и нејзиниот син ги објави, со опис:

„Маскиран во стиховите, тој инкогнито патува низ светот, а секој што под таа маска ќе препознае седокос пејач и кантавтор од Нови Сад, автоматски се препознава и себеси и самиот станува дел од истиот заговор“, напишала таа.

Фото: Инстаграм

Песната „Само рата да не буде“ е објавена во 1987 година. Балашевиќ во песната порача да се покренат планините, вулканите да се разбудат и да се случи сз што може да се случи, освен војна.

Панонскиот морнар денес би наполни 68 години: Обожавателите сѐ уште во неверување по загубата на Ѓорѓе Балашевиќ

ФОТО | Фотографот на Ѓорѓе Балашевиќ емотивно објави свои необјавени фотографии од панонскиот морнар

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот