Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Instagram
Instagram

Познатиот српски кантавтор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст, пренесува „Блиц“.

Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија. Според Блиц.рс, тој имал ковид-19 и бил во лоша состојба.

Иако неодамна се појави веста дека тој е во стабилна состојба, тамошните медиуми јавуваат дека пејачот сепак ја изгубил оваа битка.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, во семејството на неговиот татко Јован Балашевиќ и Вероника Доленец, од Расиња кај Копривница во денешна Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот