ФОТО+ВИДЕО | Сопругата на Брус Вилис сподели срцепарателно видео по повод годишнината од нивниот брак

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Актерот Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг Вилис вчера прославија 14 години брачен живот, исполнет со многу љубов и поддршка – во добрите, но и лоши денови за нивното семејство. Имено, ѕвездата на акционите филмови и неговата поубава половина го кажаа судбоносното „да“ на 21 март 2009 година.

По тој повод, Ема Хеминг Вилис се присети на десетгодишнината од нивниот брак и сподели колажно видео од тој ден во 2019 година, кога двојката ги обнови брачните завети во друштво на најблиските. Романтичните моменти од годишнината го сними поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Во емотивното видео, пропратено со песната „Fix You“ од музичката група „Колдплеј“, Ема и Брус ја прославуваат десетгодишнината со обновување на брачните завети.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Свадбената церемонија била одржина на отворено, а зајдисонцето дополнително допринело за романтичната атмосфера. Ема носела бел фустан со голи рамења, а Брус бил облечен во бела кошула, лежерни пантолони и шешир.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Нивните ќерки, Мејбл Реј и Евелин Пен биле малечки деверуши, а постарите ќерки на Брус, од првиот брак со Деми Мур, Румер и Скаут Лару биле дел од свадбениот бенд. Сè кулминирало со бакнеж, по што Брус, со широка насмевка на лицето, го фрлил својот шешир во воздух.

„На десетгодишнината од нашиот брак одлучивме да ги обновиме брачните завети на истото место на кое го изговоривме судбоносното ‘да’ во далечната 2009 гдоина. Толку сум среќна што успеавме да го направиме тоа.

Искористете ја секоја прилика за да се соберете и да прославите со семејството и со пријателите.

Тие се вредни моменти и прекрасни спомени на кои ќе се сеќавате до крајот на животот. А ние ќе можеме да ги чуваме тие сеќавања на сигурно и ќе ги одржуваме живи за оние кои можеби не можат да го направат тоа сами“, напиша Ема Хеминг во описот на видеото.


Нејзините следбеници ја преплавија со бројни емотивни коментари, во кои споделија дека се „скршени и тажни“ поради болеста на Брус Вилис.

Како потсетување, Брус Вилис се повлече од актерството минатата година, кога му беше дијагностицирана афазија. Пред еден месец, неговото семејство соопшти дека актерот има нова дијагноза – фронтотемпорална деменција.

Повеќе вести за Брус Вилис:

Брус Вилис го прослави 68-миот роденден со ќерките, поранешната и сегашната сопруга

Брус Вилис за првпат виден во јавност по дијагнозата на деменција

„Љубовта на мојот живот“: Сопругата на Брус Вилис раскажа како се вљубила во актерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот