ВИДЕО | Брус Вилис го прослави 68-миот роденден со ќерките, поранешната и сегашната сопруга

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Холивудскиот актер Брус Вилис, по повеќедецениска плодна кариера, беше принуден да се пензионира, поради болеста афазија. Во март 2022 година, неговото семејство објави дека тој ќе се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на способноста на една личност да комуницира.

Неодамна семејството на Брус Вилис откри дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) – помалку од една година откако се повлече од актерството поради неговата борба со мозочното нарушување, афазија. Семејството на актерот минува низ тежок период, но борбата продолжува.

Вчера, Брус го слави својот 68-ми роденден, а по тој повод целото семејство повторно се собра во неговиот дом. Поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, на Твитер објави видео од роденденската прославата на 68-от роденден на Брус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Фановите на познатиот актер загрижено реагирале на видеото бидејќи забележале дека според нив Брус изгледа нестабилно на нозе, односно благо се лула и дека се гледаат трагите од тешката болест со која се бори, а забележале и дека му фали преден заб.

На видеото кое го објави и неговата ќерка Румер, Брус Вилис може да се види опкружен со своите деца и со поранешната и сегашната сопруга додека пее роденденска песна и ги дува свеќичките на роденденската торта.

Поранешната сопруга на Брус Вилис, познатата актерка Деми Мур (60), до својата објава на Инстаграм напиша:

„Среќен роденден Б.В. – драго ми е што денеска можевме да го прославиме заедно“ – напиша актерката.

„Денес е роденден на мојот сопруг, а утрото го започнав со плачење“: Сопругата на Брус Вилис објави емотивно видео

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот