„Денес е роденден на мојот сопруг, а утрото го започнав со плачење“: Сопругата на Брус Вилис објави емотивно видео

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Холивудскиот актер Брус Вилис, по повеќедецениска плодна кариера, беше принуден да се пензионира, поради болеста афазија. Во март 2022 година, неговото семејство објави дека тој ќе се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на способноста на една личност да комуницира.

Неодамна семејството на Брус Вилис откри дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) – помалку од една година откако се повлече од актерството поради неговата борба со мозочното нарушување, афазија. Семејството на актерот минува низ тежок период, но борбата продолжува.

Денес актерот го слави своот 68 -ми роденден, а по тој повод неговата сопруга Ема објави емотивно видео кое го сподели на социјалните мрежи.

„Денес е роденден на мојот сопруг. Утрото го започнав со плачење, како што можете да видите по моите отечени очи и растечен нос“, започна Ема.

Таа продолжи да објаснува дека постојано добива поддршка од луѓето дека е силна, а самата не знае како е, дека сака да има избор, но исто така нагласи дека одгледува две деца додека се справува со состојбата на нејзиниот сопруг.


Ема додаде дека секојдневно доживува тага и болка, а емоциите се уште поинтензивни на роденденот на Брус.

Таа за видеото што го сподели, а кое го направила за роденденот на нејзиниот сопруг, рече дека е како „нож во моето срце“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот