ФОТО+ВИДЕО | Славната актерка проговори за бракот со Мартин Скорсезе: „Беше страшно, знаеше да ја демолира целата соба“
Во новиот документарец на „ЕплТВ“, Мартин Скорсезе открива дека „никогаш не доживеал таква депресија“ како во периодот кога го снимал филмот „Кралот на комедијата“, за време на неговиот брак со Изабела Роселини.
Изабела Роселини проговори за својот брак со Мартин Скорсезе во новиот документарец на „ЕплТВ“ посветен на оскаровецот. Во третата епизода од обемната документарна серија на режисерката Ребека Милер, со наслов „Господин Скорсезе“, Роселини (73) се присети дека, во периодот на нивниот тригодишен брак кој траеше од 1979 до 1982 година, Скорсезе „знаел навистина да се налути“.
Препорачано
„Не на мене“, појасни таа. „Никогаш не ме удрил или направил нешто слично, но знаеше да ја демолира собата. Еден негов пријател еднаш го снимил и му ја покажал снимката. Мартин беше шокиран, бидејќи не сфаќаше колкаво ниво на насилство можело да создаде тоа мало тело, астматичар. Беше како вулкан. Беше застрашувачки.“
Isabella Rossellini Remembers Ex-Husband Martin Scorsese’s Past Anger Issues: ‘It Was Complex to Be with Him’ https://t.co/P58Bs7M7j1
— People (@people) October 18, 2025
За време на нивниот брак, Скорсезе ги снимил двата култни филма „Разјарениот бик“ (1980) и „Кралот на комедијата“ (1982), во кои главната улога ја толкува неговиот чест соработник Роберт де Ниро. Како што се присетуваат и Роселини и Скорсезе во документарецот, тој минувал низ длабок депресивен период додека го снимал вториот филм.
„Дури и не се сеќавам зошто толку се налути. Понекогаш тоа беше некоја сосема мала, глупава причина што ќе го натераше да претера“, вели Роселини.
„Понекогаш ќе се разбудеше и ќе почнеше да пцуе: ’Е**м ти … ‘, а јас ќе му речев: ’Марти, денот сè уште не започнал.‘ Потоа сфатив дека тој бес делумно беше неговото гориво, нешто што му даваше храброст. Знаете, тој беше тоа мало момче од Малата Италија, а сега беше голем режисер што мораше да работи на голем филм со голем буџет“, раскажа таа.
„Мислам дека токму тој бес му ја даваше издржливоста да го издржи денот, да го заврши филмот, бидејќи тоа не беше лесно. Затоа беше комплицирано да се биде со него“, додаде актерката.
Бракот на Скорсезе со Роселини беше негов трет, режисерот зад себе има 5 брака. Од 1999 година е во брак со Хелен Морис, со која ја има ќерката Франческа (25). Ќерката Кети (59) ја добил со првата сопруга Лорен Мари Бренан, а Доменика (49) со новинарката Џулија Камерон.
Во документарецот, постарите ќерки на Скорсезе се потсетуваат на детството со татко кој не секогаш бил физички присутен, додека ја градел својата филмска кариера во 1970-тите и 1980-тите години.
Скорсезе и Роселини се разведоа во 1982 година. Таа подоцна се омажи за моделот и извршен директор на „Мајкрософт“ Џон Вејдеман, со кого беше во брак од 1983 до 1986 година. Тие ја имаат ќерката Електра Вејдеман (42), а актерката е и мајка на Роберто Роселини (43).
‘Never hit me’: Ex-wife on Martin Scorsese https://t.co/W0t20NUBKB
— Daily Newj (@DailyNewj) October 18, 2025
Во филмот „Господин Скорсезе“, режисерот ѝ раскажува на Милер (63) дека имал „толку сериозни лични проблеми што не можел да го монтира ’Кралот на комедијата‘“, поради што филмот речиси му бил одземен.
„Никогаш не сум доживеал таква депресија. Се обидував да работам, но не можев. Имав проблеми, се жалев, бев нервозен. Се обидував да запознавам луѓе, да започнам врски. Да не беше докторот, неговите петдневни терапии во неделата, телефонските разговори за време на викендите и постојаната работа на расчистување на мислите – ќе бев мртов“, признал Скорсезе.
„Земав многу силни лекови и минував низ пекол. Бев многу осамен, но сам си бев виновен за тоа“, додал тој.
Документарниот филм „Господин Скорсезе“ е достапен на платформата „ЕплТВ“.


