Фото: Instagram/ blikeblanka

ФОТО+ВИДЕО | Сите гледаа Евровизија поради неа: Полската претставничка изненади со својот талент

Младата Бјанка е полската претставничка на годинашното издание на Евровизија, која настапи на вчерашното полуфинале во Ливерпул. Нејзиниот настап ѝ обезбеди место во финалето на Полска, меѓу останатите 26 финалисти.

Фото: Instagram/ blikeblanka

Својот талент го надградила со формално образование за пеење и танцување во САД. Во тој период ги одржала и своите први настапи во разни ресторани и кафулиња. Верува дека токму овие настапи и помогнале да добие самодоверба за идните изведувања.

Фото: Instagram/ blikeblanka

Откако се вратила во Полска, покрај пеењето се занимавала и како ди-џеј, а се појавила и во емисијата „Топ Модел“, кога стекнала најголема популарност.

Фото: Instagram/ blikeblanka

Мултиталентираната полска пејачка, ја претставува својата земја со љубовната песната „Solo“. Оваа песна е со „заразен“ ритам и стана инспирација за неколку артисти да направат преработка. Нејзината песна се очекува да биде хит на забавите во летниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот