ФОТО+ВИДЕО | Рибар во Јадранско Море наишол на ужасна глетка: „Ѕвер долг шест метри, во распадната состојба“
Рибарот Динко Форетиќ и неговата сопруга шетале по заливот Вела Травна на Вис во петокот кога наишле на труп на голем, во тој момент неидентификуван морски цицач.
Препорачано
– Наидовме на ѕвер во мошне распадната состојба. Долг е околу пет до шест метри, а дел од опашката му недостасува. На почетокот помислив дека е кит, но откако малку пребарував на интернет, повеќе ми личеше на морска крава, но, таа не живее ниту во Медитеранот ниту во Јадранското Море – напишал Форетиќ на својот Фејсбук.
Форетиќ го контактирал ветеринарниот институт во Загреб, кој треба да даде одговор за кое животно станува збор, а еден ден подоцна снимил и видео од полураспаднат труп во заливот.
Во меѓувреме, на неговата објава се појави коментар со упатства како да се постапи во таков случај, што би можело да даде и одговор за што точно станува збор.
– Поздрав, според Протоколот, најдобро е да се јавите во центарот 112, кој ќе нè контактира нас кои се занимаваме со истражување на морски цицачи. Со оглед на тоа што Институтот „Син свет“ има своја станица на Вис, кога станува збор за живи (или повредени) животни, тие обично нè контактираат. Па така, пред неколку дена, префрливме повредена желка карета од Вис во Центарот за закрепнување на морски желки на Лошињ. Мртвите животни во напредна фаза на распаѓање обично ги отстрануваат општинските служби – му напиша коментаторот.
Вела Травна е, инаку, ексклузивна локација на јужната страна од островот Вис во Хрватска и е позната по своите луксузни вили.


