фото/Mary Crane / imago stock&people / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Првата дама на Њујорк Рама Дуваџи ги претвори овие чизми во хит, сите сакаат да ги носат

Понекогаш е доволен само еден момент за модното парче да стане феномен. Токму тоа се случи по едно, политички симболично појавување. На инаугурацијата на својот сопруг, Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, Рама Дуваџи успеала да го украде целото внимание.

Нова икона на стилот

На само 28 години, најмладата прва дама на Њујорк, воедно и прва муслиманка и претставничка на генерацијата Зет на таа позиција, за миг го дефинирала стилот за кој со денови се зборува. И додека секој детаљ на нејзиниот изглед се анализирал, целото внимание сепак било насочено кон чизмите.

Рама Дуваџи носела чизми на врзување, со шилест врв и суптилен ретро шарм, додека се возела со њујоршката подземна железница претворена во церемонијална сцена.

Нејзините чизми привлекле огромно вниамние и во рекорден рок станале најпозакувано парче во модните комбинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by miista (@miista)

Како да ги носите овие чизми со карактерот

Благодарение на ниската потпетица, практичното врзување и структурираната силуета, овие чизми лесно се вклопуваат во различни стилови. Совршено стојат со класични панталони, миди здолништа или макси фустани, а нудат и безброј можности за стилизирање, од класични до најхрабри комбинации.

Ако ги носите со широки кратки панталони, овие чизми делуваат модерно и урбано, без да ја изгуват елеганцијата.

Од елеганција до урбан шик

Во комбинација со миди здолниште или долг чипкан фустан, додаваат романтична и благо драматична доза, идеална за шик градски излег или за вечерно излегување. Еднакво добро функционираат и со елегантни панталони и широки фармерки, создавајќи суптилен контраст меѓу формалното и смелото.
За поопштун стил, може да се носат со бермуди и предимензионарин џемпер, или во комбинација со структурирано палто кое дава мистериознен и софистициран впечаток.

Првата дама на Њујорк го освои светот на модата: Независен и прогресивен моден јазик близок до генерацијата Зет

ФОТО | Првата дама на Њујорк даде ексклузивно интервју: „Јас едноставно одбивам да престанам да бидам тоа што сум“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот