Пожар во фабриката Тила/Фото: Фејсбук/Тила

ФОТО+ВИДЕО: Пожарот во „Тила“ започнал од фотоволтаичните панели на покривот, истрагата ќе ги утврди причините

Три дена по страотниот пожар која ја пеплоса познатата прилепска текстилна фабрика „Тила“, се уште не се познати причините, а во тек е истрага од надлежните органи за нивно утврдување како и проценка на направената штета, соопштија од фабриката.

Од таму додаваат дека во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работела и нема повредени.

Во објава на Фејсбук, каде е објавено и видео и фотографии од пожарот која ја пеплоса фабриката Тила е наведено дека пожарот започнал од фотоволтаичните панели на покривот од зградата на објектот.

-Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци. Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок, соопштија од Тила.

Пожар Тила/Фото: Фејсбук

Пожарот започнал во 13:20 часот на 21 април, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила, соопшти ЦУК во таа прилика.

Пожар во фабриката Тила/Фото: Фејсбук

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот