Пожарот во Прилеп целосно изгаснат по полноќ
– Ноќеска по полноќ е изгаснат пожарот што ја зафати прилепската конфекција „Тила“, а поранешна фабрика за чевли „Борка Левата“. Прилепските пожарникари со часови се бореа со огнената стихија која прво ја зафати покривната конструкција со сончевите панели.
Препорачано
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот започнал во 13:20 часот вчера, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила.

На помош на пожарникарите им беа и три цистерни од јавните комунални претпријатија. Пожарот беше локализиран во доцните попладневни часови, но имаше горливи материјали и пожарникарите работеа до полноќ. Засега не се знааат причините за избувнувањето на пожарот на објектот кој беше празен, а соседи до објектот слушнале пукање како да е во прашање инсталација.
Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
34мин
-
36мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


