„3латна бубамара“ 2026 / Фото: Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО | Под мотото „Апсолутна власт, апсолутна забава“ се одржа „Златна бубамара на популарноста“ ​

Под мотото „Апсолутна власт, апсолутна забава“, синоќа се одржа 29. издание на најпопуларната манифестација на домашната сцена – „Златна бубамара на популарноста“ во преполната сала „Борис Трајковски“

Вечерта беше во знак на легендите, врвните музички изведби и признанијата за оние кои оставија траен белег на македонската сцена. Легендарниот Круме Спасовски ја доби наградата за животно дело, а публиката ја поздрави неговата вонвременска изведба на хитот „Чудна жена беше вера“. ​

Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ

Наградата за трајни вредности оваа година ја доби актерката и театарска режисерка Снежана Конеска-Руси, за која беше речено дека нејзиниот глас и лик се „синоним за професионализам и уметничка посветеност со децении наназад“.

Во музичкиот дел, регионалните легенди „Црвена јабука“ беа наградени за нивниот повеќедецениски придонес во музиката на овие простори. ​

Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ

Владимир Четкар со својот препознатлив звук внесе џез-фанк елеганција, додека младата и талентирана Тина Русева, победничката на германското издание на натпреварот „Гласот на Европа“, воодушеви со моќната интерпретација на „Не допирај ме“.

​За најпопуларна пејачка во регионот беше прогласена Александра Радовиќ, која уште еднаш ја потврди својата силна врска со македонската публика.

Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ

Посебно признание доби и маестро Дамир Имери, чијшто музички гениј и виртуозност на сцената ги пофали нашиот најдобар гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски. ​

Дека театарската сцена останува во сигурни раце потврдија наградите кои ги добија младите актери Нина Елзесер и Тони Денковски.

Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ

На сцената се појави и американската соул-ѕвезда Марта Хај, на која ѝ беше врачена „Златна бубамара“ за животно дело.

Забавата и хуморот, кои се заштитен знак на оваа манифестација, како и секоја година беа на високо ниво благодарение на дуото актери-водители Атанас и Тино, кои во нивен стил ја одржуваа атмосферата во салата, коментирајќи ги актуелните политички и општествени настани во Македонија.

Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ
Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ
Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ
Фото: „Слободен печат“/ Елеонора Антиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот