ФОТО+ВИДЕО | Пејачот на „Манескин“ раскина со долгогодишната девојка, веднаш ја замени со млада манекенка

Џорџија Солери, Дамијано Давид и Мартина Тољенти / Фото: Инстаграм/Мартина Тољенти

Пејачот на италијанската рок-група „Манескин“, Дамијано Давид (24) синоќа беше забележан како се бакнува со 22-годишната манекенка Мартина Таљенти во ноќен клуб, а видеата од нивниот страстен бакнеж веднаш се појавија на социјалните медиуми.

@valeeebarba daje damianooo#damianomaneskin #damianodavid #foryou ♬ suono originale – valeeebarba

Во прв момент, сите го обвинија фронтменот на „Манескин“ дека ја изневерил неговата долгогодишна девојка, моделот Џорџија Солери (27) . Но, Дамијано Давид ги демантираше овие обвинувања и објави инстаграм-сторија во која објасни дека тој и Солери „раскинале пред неколку дена“.

„Многу ми е жал што излезе ова видео. Ова не беше начинот на којшто сакавме да се справиме со ситуацијата и ова е моја грешка. Јас и Џорџија решивме да раскинеме пред неколку дена, па не станува збор за некакво неверство. Се надевам дека ова нема да влијае врз имиџот на Џорџија и дека ќе ја почитувате деликатноста на овој момент“, напиша тој на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Дамијано Давид

Во меѓувреме, Џорџија Солери го отследи Дамијано Давид на Инстаграм, но и басистката на „Манескин“ – Викторија Де Анџелис. Причината за тоа, веројатно, е дека Мартина Таљенти и Викторија Де Анџелис се блиски пријателки, а доказ за тоа е новата заедничка фотографија на Дамијано Давид и двете девојки.

Фото: Инстаграм/Викторија Де Анџелис

Како потсетување, Дамијано Давид и Џорџија Солери важеа за еден од најубавите парови на италијанската јавна сцена, а беа заедно од 2017 година.

Фото: Инстаграм/Џорџија Солери

ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот