ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим
Членовите на италијанската рок-група „Манескин“ вчера одржале приватна „венчавка“, предводена од поранешниот креативен директор на „Гучи“, Алесандро Микеле.
Таканаречената свадбена церемонија се одржала во една од најлуксузните локации во Рим – Палацо Бранкачо, а Дамијано Давид, Викторија Де Ангелис, Томас Раги и Итан Торчо пристигнале облечени во бело. Згодниот вокалист Дамијано и гитаристот Томас биле облечени како младоженци, а атрактивната Викторија и тапанарот Итан биле облечени како невести.
„Дали сакате да се венчате, ветувајќи си да бидете верни еден на друг засекогаш – во добро и во зло, сѐ до крајот на вашите животи?“, им било поставено прашањето.
View this post on Instagram
Откако го изговориле судбоносното „Да“, тие си размениле прстени, се бакнале и го започнале ексклузивниот концерт на кој ги извеле песните од нивното ново музичко „бебе“ – студискиот албум „Rush“.
На „венчавката“, односно промоцијата на албумот присуствувале голем број познати личности од Италија, но и од светската сцена.
View this post on Instagram
Како потсетување, рок-групата „Манескин“ постои од 2016 година, а еден од најзначајните моменти во нивната музичка кариера беше победата на музичкиот фестивал Евровизија во 2021 година.
Досега имаат издадено четири студиски албуми: „Chosen“ (2017), „Il ballo della vita“(2018), „Teatro d’ira – Vol. I“ (2021) и „Rush“ (2023).
View this post on Instagram