ФОТО+ВИДЕО | Парис Хилтон повторно е запросена, сопругот ѝ приреди бајковито изненадување за Денот на вљубените
Парис Хилтон доживеа романтично изненадување за Денот на вљубените, откако нејзиниот сопруг Картер Реум ѝ приреди второ запросување, пет години по првото.
Препорачано
Имено, Реум повторно ѝ го поставил прашањето за брак на плажа во Туркс и Кајкос, на зајдисонце, во присуство на нивните две деца – тригодишниот син Феникс и двегодишната ќерка Лондон.
„Беше уште помагично од првиот пат. Тоа што Лондон и Феникс беа со нас го направи моментот уште поемотивен и поспецијален“, изјави Хилтон за „Пипл“.

Плажата била уредена со бели цветни аранжмани и свеќи, а на песокот светеле големи букви со пораката: „Will you marry me again?“ ( во превод: „Ќе се омажиш ли повторно за мене?“).
Реум, облечен во бел костум со црни мокасини, клекнал на едно колено и ѝ подал прстен во розова кутија. Хилтон носела бела, драпирана тоалета инспирирана од грчки стил, со блескави високи потпетици и бела капетанска капа.
„Изградивме прекрасно мало семејство. Да бидеме на плажа, опкружени со толку љубов, ме исполни со благодарност. Картер е мој најдобар пријател, мој партнер, мојата вечност. Секоја година со него е послатка, овој момент беше како бајка“, рече таа.

По нејзиното „да“, семејството приватно го одбележало мигот, по што им се придружиле роднини и пријатели. Вечерта завршила со розов огномет што го осветлил небото.
Реум истакнал дека „повторната запросување“ не била само обновување на заветите, туку и начин да ја одбележи жената каква што е таа денес.
„Да ја гледам Парис во изминатите пет години, особено како мајка, е најголемата радост во мојот живот“, рекол тој.

Двојката првпат се сврши на 17 февруари 2021 година, за време на прославата на нејзиниот 40-ти роденден на приватен остров, а се венчаа на 11 ноември истата година во Лос Анџелес. Нивниот син Феникс се роди во јануари 2023 година, а ќерката Лондон во ноември истата година, со помош на сурогат-мајка.


