Парис Хилтон одговори на критиките: Прво ѝ го навредуваа синот, а сега ја напаѓаат дека не сака да ја покаже ќерката

Фото: Инстаграм/Парис Хилтон

Парис Хилтон одговори на прашањата на загрижените обожаватели и им објасни зошто сѐ уште не ја покажала својата ќерка Лондон на социјалните мрежи.

Познатата наследничка и ѕвезда на реалните шоуа отсекогаш била многу активна на социјалните мрежи, па недостигот на објави за нејзиното девојче ги загрижи следбениците. Откако на ТикТок сподели видео на кое си игра со својот едногодишен син Феникс, 43-годишната Хилтон доби низа прашања од обожавателите кои се прашуваа зошто никогаш не ја објавува ќерка ѝ Лондон.

Обожавателите ѝ пишуваа вакви коментари на речиси секоја објава во последно време, но Хилтон претпочиташе да ги игнорира… сѐ досега. Некој ѝ искоментирал: „Феникс е едноставно скапоцен. Едвај чекам да се чувствуваш доволно безбедна за да ни ја покажеш неговата сестра“, на што Хилтон одговори со низа емотикони во форма на срце и со „Те сакам“ и „Наскоро“.

@parishilton Memories i will cherish forever🥹 #BabysFirstEaster 🐣🐇 #SlivingMom#fyp ♬ original sound – ParisHilton


Иако овој коментар не разјасни зошто ѕвездата сè уште не споделила фотографии од нејзиното девојче, мајката на две деца беше принудена да го брани својот син од злобните коментари за „големината на неговата глава“. Исто така, се верува дека токму овие грди коментари се причината поради која Хилтон не сака да објавува фотографии од своето второ дете.

Инаку, во октомври минатата година, Хилтон напиша долг коментар за лошите коментари за изгледот на нејзиното постаро дете, пренесе „Пејџ сикс“.

„Не можев да верувам дека луѓето можат да бидат толку злобни и лоши кон мало бебе“, објаснила таа.

Фото: Инстаграм/Парис Хилтон

„Кога се ​​живее во центарот на вниманието – коментарите се неизбежни. Но, кога моето дете е мета, или кое било друго, тоа е неприфатливо. Работев напорно за да создадам средина заснована на љубов, почит и прифаќање, а истото го очекувам за возврат“, заклучи Хилтон.

Да потсетиме, Парис Хилтон стапи во брак со Картер Реум (42) во 2021 година. По неуспешните обиди да станат родители, по природен пат и со ин витро, тие решиле да добијат дете со помош на сурогат-мајка.

Двојката го доби синот Феникс преку сурогат во јануари 2023 година, а во ноември истата година, Хилтон го изненади светот објавувајќи дека таа и нејзиниот сопруг тајно го дочекале своето второ дете, девојчето по име Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот