ФОТО+ВИДЕО | Најзборувана креација: Џилијан Андерсон во фустан со извезени вагини на Златните глобуси

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Американската актерка Џилијан Андерсон (55) се појави во смела креација на 81. доделување на филмската награда Златен глобус.

Имено, ѕвездата на серијата „Сексуално образование“ („The Sex Education“) облече бел фустан со извезени вагини, креација на дизајнерката Габриела Херст. На прв поглед делува дека актерката носи класичен свечен фустан, но кога ќе обрнете внимание на деталите, ќе сфатите дека на него се извезени делови од женската анатомија.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER
Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Во интервју за „Екстра“, Андерсон објасни дека фустанот е соработка помеѓу Херст и нејзиниот „алтернативен велнес бренд“ – „Џи спот“.

„Јони [санскритскиот збор за женски полов орган] – има многу од нив на мојот фустан. Беа потребни три и пол часа за да се извезе секоја, а ги има многу. Биле потребни 150 часа за да се извезат сите“, изјавила актерката.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

„Бидејќи моето присуство на социјалните медиуми ја истакнува јони откако ‘Сексуално образование’ пристигна на Нетфликс и имајќи предвид дека мотото на мојот бренд ‘Џи спот’ е ‘приоритизирање на задоволството’, сакав да го внесам овој елемент во дизајнот“, додаде таа за британскиот „Вог“.

ФОТО | Мулдер и Скали повторно се обединија: Фотографија која ги воодушеви фановите на „Досие икс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот