ФОТО+ВИДЕО | „Монопол“ во парк: Најголемата игра на светот која може да ja пробате по цена од 300 евра

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Во паркот „Дискавери Медоу“ во населбата Сан Хозе, Калифорнија, ќе ја најдете најголемата табла за „Монопол“, една од најпопуларните друштвени игри во светот, каде што целта е да освоите што повеќе имот, да заработите пари од хотелите и да избегнете банкрот, пишува „Пун куфер“.

Оние кои сакаат да играат на таблата која со своите 86 метри квадратни влезе во Гинисовата книга на рекорди – тие можат да го сторат тоа.

На играчите им се дава џиновска коцка за играње, џиновски капи за да се идентификуваат, а ако немаат среќа, одвреме-навреме можат да облечат дури и затворска униформа. Цената на играта е околу 300 евра, а цените за фирмите се нешто повисоки.

Ако одлучите да ја играте најголемата игра во светот, треба однапред една година да го резервирате вашето место. Џиновската игра постои од 1992 година, кога беше изградена за саемот за пејсаж и дизајн во Сан Франциско.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Креаторот на играта, Американецот Чарлс Дароу, ја добил идејата за „Монопол“на почетокот на 20 век, инспириран од играта „Лендлорс“, која ја дизајнирала писателката, бунтовничка и новинарка Елизабет Меги како форма на политички активизам. а за што добила петстотини долари.

Од друга страна, Чарлс, кој во тоа време бил невработен продавач, ја понудил својата игра на производителот на игри Паркер Брадерс, кој ја прифатил идејата и добро ја платил.

Од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, компанијата „Хасбро“ стана сопственик на играта и оттогаш се објавени десетици различни изданија на една од најпопуларните друштвени игри во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот