Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

ФОТО | Меланија и Амазон не поднесуваат шеги: Филмот „Меланија“ повлечен од кино во Орегон, не им се допаднала рекламата

Амазон ненадејно одлучи да го повлече документарниот филм за Меланија Трамп од едно мало кино во американската сојузна држава Орегон, откако сопствениците на киното го исмејуваа филмот во својата реклама. Киното „Lake Theater & Café“ во предградието на Портланд, е познато по духовитите и саркастични пораки на својата светлечка табла.

Така, проекцијата на филмот ја најавиле со шеги како:

„Дали Меланија ќе носи Прада? Дознајте во петок!“ и со цитат од „Уметноста на војувањето“: „Запознај го непријателот за да го победиш“.

Кино – Меланија – Фото: Инстаграм

Сепак, Амазон, МГМ Студио, кој стои зад документарецот, очигледно не бил воодушевен од ваквиот пристап и побарал филмот да биде тргнат од програмата.

Менаџерот на киното, Џордан Пери, откри дека студиото ги контактирало и побарало да се откажат сите проекции на „Меланија“, бидејќи не им се допаднал хумористичниот начин на кој филмот бил рекламиран.

„Студиото не беше задоволно или едноставно не го ценеше мојот пристап во промоцијата на нивниот филм пред нашата публика“, изјави Пери за „The Oregonian“.

Кино – Меланија – Фото: Инстаграм

Како реакција на одлуката на Амазон, киното на новиот натпис пред објектот напиша:

„Амазон се јави. Нашиот слоган ги налути. Сите проекции на филмот ’Меланија‘ се откажани“.

Од управата на киното на Инстаграм соопштија и дека добиле голем број негативни реакции од локалната публика уште пред филмот да биде повлечен. Многумина биле вознемирени што нивното кино во предградие на Портланд воопшто прикажувало филм за Меланија Трамп.

Документарецот „Меланиа“ следи период од 20 дена од животот на првата дама на САД, непосредно пред почетокот на вториот мандат на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот