ФОТО+ВИДЕО | Меган Маркл го воодушеви светот: Го соблече скапоцениот капут од себе и изненади мајка со бебе во прегратките

Фото: Инстаграм

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари во моментот престојуваат во Холандија, каде присуствуваат на игрите Invictus, а откако се прошетаа по жолтиот тепих, Меган својот капут го даде на една од натпреварувaчките за да го обвитка своето новороденче.

Елегантната Меган за оваа пригода одбрала бело палто од волна, кое го искомбинирала со бели панталони со висока половина од брендот „Валентино“, а комбинацијата ја надополнила со популарниот капут на „Макс Мара“ чија цена е 3.710 фунти и чевли „Аквазура“ кои ги носела и порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💫 (@cam__mood)

Поранешната кралска двојка на настанот пристигна во друштво на натпреварувачите меѓу кои беа и Фена Гуетес од холандскиот тим со сопругот Бертине Шурхуис, која во рацете ја држеше нивната ќерка Ливија. Без многу размислување, Меган со својот капут го обвиткала девојчето за да не му биде ладно.

За потсетување, пред доаѓањето во Хаг, Меган и Хари во четвртокот се сретнаа со кралицата Елизабета Втора, кажа неговиот потпарол, откако весникот „Сан“ пишуваше за посетата.

Меган и Хари тајно пристигнале во замокот Виндзор каде ги пречекале кралицата Елизабета, принцот Чарлс и неговата сопруга, војвотката од Корнвол. Како што пишува „Дејли мејл“, на Чарлс издвоил само 15 минути за средбата, додека неговата сопруга Камила им се придружила само на половина пат од кратката средба, а потоа заедно го напуштиле замокот за да продолжат со другите обврски.

Протекоа детали од средбата во Лондон: Принцот Чарлс одвоил само 15 минути за Хари и Меган

ФОТО | „Сите погледи вперени во неа“: Меган Маркл блеска во луксузни стајлинзи во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот