Уапсен Жерар Депардје, обвинет за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје / Фото: Профимедиа

Францускиот актер Жерар Депардје (75) е приведен поради обвинение за сексуален напад, пишуваат француските медиуми.

Според информациите на БФМТВ, Депардје во моментот е на распит во една полициска станица во Париз. Тој беше обвинет од две жени, а нападите, според нивните тврдења, се случиле во 2014 година на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“ на Жан-Пјер Моки и во 2021 година на снимањето на „Volets verts“ на Жан Бекер.

Жерар Депардје ја негира вината од првите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Депардје го бранеа многу истакнати членови на културниот живот во Франција, како и самиот претседател Емануел Макрон.

На 9 јануари оваа година, една жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години на снимањето на „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува познатиот актер дека ја допирал по интимните делови, со вулгарни реплики.

Пред тоа, Депардје беше обвинет за слично однесување од 13 други жени. Наводите беа изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборуваа анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови во периодот од 2004 до 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот беше и официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзано со тужбата поднесена од Шарлот Арнолд во 2018 година. Случајот претходно беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а кривичните пријави беа покренати во декември.

Нови обвинувања за Жерар Депардје: „Ми кажуваше вулгарни коментари и ми ги допираше интимните делови“

„Ми ги допре градите кога имав 17 години“: Жерар Депардје се соочува со нови 13 обвинувања за сексуален напад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот