Нови обвинувања за Жерар Депардје: „Ми кажуваше вулгарни коментари и ми ги допираше интимните делови“

Жерар Депардје Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Се појавија нови обвиненија за сексуално вознемирување против францускиот актер Жерар Депардје, откако една жена поднела тужба против него на 9 јануари за сексуален напад што се случил на снимање на филм пред 10 години.

Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува славниот актер дека ѝ се обраќал со вулгарни реплики и дека ѝ ги допирал интимните делови, пишува весникот „Le Courrier de l’Ouest“.

Според обвинението, нападот се случил за време на снимањето на филмот „Магионичарот и сијамецот“ („Le Magicien et les Siamois“).

Неговиот адвокат најави дека актерот одлучно ги негира наводите во обвинението, како што тоа го правеше и во актуелната судска постапка против него за наводни сексуални престапи.

Во обвинението, Депардје се товари за „сексуален напад врз ранлива личност од страна на лице кое ја злоупотребило моќта на својата позиција“.

Од 2020 година наваму, актерот е под истрага за сексуално насилство. Тој тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот