ФОТО | Партнерот на Хали Бери објави нејзина гола фотографија: Задникот на актерката во преден план

Хали Бери / Фото: Profimedia / Instagram

Музичарот Ван Хант на Денот на мајката на инстаграм-профилот објави гола фотографија од својата сопруга, актерката Хали Бери (57). На фоторгафијата актерката позира целосно гола на тераса потпрена со задникот на оградата гледајќи во објективот.

„Среќен Ден на мајката од дното на мојата душа. О, не требаше да го објавам ова. Но, мораме да признаеме дека таа е најдобра мајка“, напиша тој покрај фотографијата од Хали.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Оваа провокативна фотографија на холивудската ѕвезда предизвикa бројни коментари, а многу од нив со критика кон Ван.

„Зошто ја покажа на Хали Бери така?; „Како што те фотографира мажот, така те гледа. Среќа“;„Требаше да размисли за нејзините деца пред да објави вакво нешто за нивната мајка“; „Гордоста денес не е ништо, убавината е прашање на суета, шармот е измамен. Жени, не губете ги своите вредности само затоа што живееме во општество каде сексуализацијата е либерализирана. Скромноста и почитта се уште се вреднуваат…“; „Човек не треба јавно да ја покажува својата љубов вака“, беа дел од коментарите.

За потсетување, Хали и Ван се во брак од 2021 година, кога се венчаа во тајност. Хали зад себе има три пропаднати брака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот