Часовникот на најбогатиот патник на Титаник е продаден за 1,2 милиони фунти

Фото: Принтскрин/ Икс/ The Guardian

Златен џебен часовник кој му припаѓал на најбогатиот патник на Титаник, Џон Џејкоб Астор IV, е продаден на аукција за рекордни 1,2 милиони фунти.

Аукциската куќа „Henry Aldridge & Sun“ го продала џебниот часовник од 14 каратно злато „Voltham“ на приватен колекционер од САД во саботата за највисока сума понудена досега за кој било предмет од Титаник, пишува „Гардијан“.

Претходната највисока платена сума за предметите на Титаник беше 1,1 милион фунти за виолина свирена од музичари додека бродот потона, продадена во истата аукциска куќа во 2013 година.

Часовникот изгравиран со иницијалите JJA (ЏЏА) е пронајден со телото на Џон Џејкоб Астор IV, неколку дена откако Титаник потона.

Во тоа време беа пронајдени и дијамантски прстен, златни и дијамантски манжетни, 225 фунти во англиски банкноти и 2.440 американски долари. „Астор е добро познат како најбогатиот патник на Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со богатство од приближно 87 милиони долари, што е еквивалентно на неколку милијарди долари денес“, соопшти аукциската куќа.

Се продава часовникот на најбогатиот патник на Титаник: Може да достигне цена до 175.000 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот