Зошто мачките ве „масираат“ како да месат тесто?

Фото: Sam Lion / Pexels

Секој пат без грешка – вие се оптегнувате се на каучот и за неколку моменти вашата мачка доаѓа и се сместува на вашите гради, но пред удобно да се смести, прво ќе ве „измасира“ како да меси тесто. Зошто го прави тоа?

Мачката ве „меси“ од неколку причини, но што е тоа воопшто? Едноставно, мачјото гмечење е кога вашата мачка „масира“ со предните шепи или дури со сите четири шепи. Нејзините предни шепи се шират и се вовлекуваат, една по една.

Веројатно сте виделе дека вашата мачка го прави ова и сте се запрашале дали тоа е нормално однесување или не.

Мачињата се раѓаат со инстинкт да месат или гмечат. Мачињата го стискаат стомакот на мајка си додека дои. Оваа акција помага да се стимулира производството на млеко за да се нахрани мачето. Ова се нарекува „газење на млекото“. Додека се стуткани до мајчината брадавица, мачињата се топли и задоволни, пишува howstuffworks.com.

Дури и откако мачињата ќе престанат да цицаат, тие продолжуваат да месат кога се среќни.

Луѓето порано веруваа дека ваквото однесување кај возрасните мачки е резултат на прерано одвикнување од цицање, но тоа изгледа е малку веројатно. Речиси сите мачки „месат“, без разлика кога престанале да цицаат. Многу мачки гмечат дури и ако растат во иста куќа со својата мајка.

Меѓутоа, постојат и други причини зошто мачките се однесуваат вака. Мачките имаат мирисни жлезди во близина на образите, на дното на опашот и во перничињата на шепите. Мачките ги стискаат ќебињата, перниците или вашиот стомак додека вие лежите на каучот, за да остават зад себе трага од нивниот посебен мирис – со други зборови, за да ја обележат својата територија. Таа ве обележала вас, но веројатно и секоја мека површина во куќата како своја.

Постои уште една теорија за ова однесување на мачките. Теоријата тврди дека оваа акција доаѓа од нивните диви предци кои живееле на отворено, без перница или скут во кој би можеле удобно да се сместат. Тие „меселе“ со газење по високата трева и земјата за да биде доволно мека за спиење. Тоа е слично на теоријата зошто кучињата се вртат во круг пред да легнат да спијат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот