ФОТО | Заида прогласена за најубаво куче на светот, авганистански ‘рт од Чиле

Авганистански ‘рт илустрација/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Profimedia

Заврши годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, што се одржа викендов.

Единка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле, по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман ја освои титулата за најубаво куче нас светот, а среќата по победата не можеше да ја сокрие сопственикот и одгледувач Рамон Подеста Валензуела. Инаку, Заида веќе има голем број успеси зад себе на слични изложби. Зад себе оставил бобтел и шкотски териер.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави“ еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии… Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка.

Фотографиите од најубавото куче можете да ги погледнете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот