Двапати се обидел да се самоубие поради неа: Љубовната приказна на Френк Синатра и Ава Гарднер

Фото: Profimedia

Американскиот пејач Френк Синатра, кој е роден на денешен ден, никогаш не ѝ бил претерано верен на својата сопруга Нанси Барбато, но никогаш не помислил да ја остави за некоја од своите љубовници. Сè додека не се појавила љубовта на неговиот живот, неговата женска верзија – актерката Ава Гарднер, пишува „Стил“.

Синатра и Гарднер се запознале кога таа имала само 18 години и штотуку ја започнала својата актерска кариера. Таа тогаш била во брак со Мики Руни. Иако Синатра веќе мислел дека е една од најубавите жени што ги видел, таа сè уште била премлада за него, па тој не ни помислувал дека тие двајца некогаш ќе бидат заедно. Сепак, речиси шест години подоцна, по нејзиниот развод од Руни и нејзиниот втор сопруг Арти Шоу, тие повторно се сретнале на забава.

„Знаев дека е оженет и, навистина, оженетите мажи не се рангираа добро на мојата скала, но тој беше убав, шармантен и јасно воодушевен со мене“, изјавила таа.

Фото: Profimedia

Таа вечер излегле на пијачки и подоцна завршиле во неговата соба. Се шират гласини дека, иако не се двоумела со другите мажи, Гарднер таа вечер не му попуштила на Синатра. Ја однел дома и тоа било крајот на ноќта.

Поминале неколку месеци пред повторно да се сретнат, но ни времето не ја влијаело врз меѓусебната фасцинација.

„И двајцата бевме љубоморни, импулсивни. Кога ќе ги изгубам нервите, тогаш е готово. Исто и тој“, рекла Гарднер за нивната врска.

Фото: Profimedia

На почетокот, актерката не му верувала дека ќе ја остави сопругата поради неа, но тој навистина го направил тоа. Наводно, ја донел актерката во куќата каде што живеел со Нанси за да биде сведок на моментот кога ѝ рекол дека сака развод.

Сакале забави, алкохол, цигари и музика. Ја мразеле осаменоста, го обожавале сексот и двајцата имале ненормален страв од смртта. Тие биле сосема исти. Синатра и Гарднер се венчале во 1951 година – тој имал 35, а таа 28 години.

Иако била луда по Синатра, таа била позната по тоа што го изневерувала. Особено кога таа морала да патува за работа.

„Ава ја мразеше осаменоста, никогаш не можеше да биде сама. Постојано бараше некој да ѝ прави друштво“, рекол еден од членовите на филмскиот сет, кој работел со неа.

Френк Синатра и Ава Гарднер
Фото: Profimedia

Наводно, таа била со режисерите, но и техничарите и другите членови на сетот. Нејзе ѝ било важно само да не биде сама.

„Имаше проблеми со поврзувањето. Ако мажот се заљуби во неа, таа му возвраќаше, но брзо губеше интерес”, открил еден од нејзините познаници.

Синатра постојано се плашел дека ќе ја изгуби, му пречеле мажите со кои била пред него и се плашел од мажите со кои таа работела.

„Тие си ги фрлаа работите низ прозорците, вриштеа еден на друг, сето тоа поради љубомора“, изјавиле подоцна нивните познаници.

Фото: Profimedia

Сепак, и Синатра бил сличен. Неговите пријатели тврделе дека тој не може да заспие ако нема жена покрај него во креветот.

Гарднер била на врвот на славата, а Синатра станал уште попосесивен и уште пољубоморен. Сепак, нивните познаници тврдат дека тој бил тој што повеќе вложувал во нивната врска.

„Таа беше себична, се грижеше само за себе, а тој вложи многу во тој брак“, тврдат тие.

Френк Синатра и Ава Гарднер
Фото: Profimedia

Актерката била таа која одлучила дека е време за развод. Наводно, му рекла дека повеќе не може сексуално да ја задоволи. Пејачот бил очаен, двапати се обидел да си ги пресече вените, но таа не реагирала. Не дошла ни да го посети.

Меѓутоа, по нејзиниот развод во 1957 година, таа изјавила: „Јас бев најсреќна кога бев во брак со Френк. Ако повторно се омажам, тогаш повторно би го направила тоа со него. Ако сакав да го делам со другите жени, тогаш ќе бевме среќни“.

Гарднер почина во 1990 година, а Синатра – осум години подоцна. Неговата ќерка Тина подоцна откри дека тој никогаш не ја преболел смртта на фаталната актерка.

Фаталната Ава Гарднер: Најголемата љубов на Френк Синатра и Ернест Хемингвеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот