Фаталната Ава Гарднер: Најголемата љубов на Френк Синатра и Ернест Хемингвеј

Ава Гарднер
Ава Гарднер / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Aва Лавинија Гарднер беше американска актерка која ја „збудалуваше“ холивудската сцена во 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Својата кариера ја започнала во 1941 година и за многу кратко време станала ѕвезда.

Американскиот филмски институт ја прогласи за една од најголемите актерки на минатиот век. Во текот на нејзиниот бурен живот постојано ја следеле скандали. Нејзиниот приватен живот постојано бил во центарот на вниманието на јавноста, дури и повеќе од нејзините филмски улоги.

Младата зеленоока убавица со полни, сензуални усни и силен јужен акцент со само 18 години го напуштила колеџот и се преселила во Холивуд.

Набргу по пристигнувањето во Лос Анџелес, се запознала со актерот Мики Руни. Љубовта набргу ја крунисале со брак. Тие се венчале во Балард, Калифорнија во 1942 година, и по само една година брак, се разделиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✪Hedy Lamarr✪ (@hedylamarrbeauty)

Руни подоцна се фалел каков бил нивниот сексуален живот и каква заводлива жена била Ава. Кога го слушнала тоа, Ава како од шега одговорила: „Па, тој можеби уживал во сексот, само небото знае дека јас воопшто не уживав“.

По Руни, Ава повторно стапила во брак, овојпат, со познатиот џез музичар Арти Шо, но и тој брак завршил неславно.

Ава „добро“ ја научила лекцијата од првиот брак, но развратниот живот на Руни веројатно потајно ѝ се допаѓал. Токму во тој период „се буди“ нејзината фатална страна.

Третиот и последниот брак на Ава Гарднер бил со пејачот и актер Френк Синатра. Синатра ја оставил својата сопруга Ненси поради Ава и нивниот брак бил ударна вест во сите весници во тоа време.

Синатра го осудувале затоа што ја оставил својата сопруга за Ава. Ова се рефлектирало и во неговата кариера, додека за Ава сето тоа носело само успех. Нејзиниот имиџ на заводничка и секс симбол се запишувал во историјата без таа да биде свесна за тоа.

Бракот со Синатра бил бурен, и двајцата биле опсесивно љубоморни, се карале и смирувале, раскинувале насилно и страсно се враќале еден на друг.

„Бевме одлични во кревет. Проблемите обично започнуваа на патот кон бањата“, раскажувала Ава за нејзината врска со Синатра.

Кога дознала дека е бремена, таа одлучила кариерата да ја стави пред мајчинството и абортирала.

„Не можевме да се грижиме ниту за себе, тогаш како ќе се грижевме за деца“, објаснила таа. „Да решив да родам дете, мојата плата ќе беше многу помала. Па, од што би живееле? Френк во тоа време беше без пари, а јас имав многу договорени филмови“, изјавила во една прилика.

По сите скандали, но и успехот што двајцата го доживеале во средината на  50-тите години, Ава Гарднер и Френк Синатра по шест години заедно, во 1957 година ставиле крај на нивниот брак.

Актерката решила да започне нов живот во Шпанија. Таму, се сретнала со познатиот писател Ернест Хемингвеј, кој имал четири брака зад себе, кога се вљубил во Ава.

Од друга страна, актерката му се восхитувала на неговиот талент, но приказната вели дека тие никогаш не ја преминале границата на пријателството. Тогаш таа ги засакала борбите со бикови, а токму Хемнигвеј ја запознал со Матадор Луис Мигел Домингез, со кого Ава подоцна имала страсна врска.

Мигел бил маѓепсан од Ава и сакал да се ожени со неа по само еден месец заедно. Дури и Хамфри Богарт иронично се прашувал како било можно милион жени да сонуваат за Синатра, а Ава да се „занимава“ со борби со бикови.

Сепак, и таа љубов имала рок на траење, а единствениот постојан човек во животот на Ава останал Хемингвеј, со кого, освен славата, ги поврзувале и бројни пороци на кои биле навлечени и двајцата.

Ава го изгубила својот голем пријател на 2 јули 1961 година, кога славниот писател се самоубил.

Уморна од „скитање“, актерката во 1968 година се преселила во Лондон. Повремено снимала филмови, но никогаш не успеала да ја врати старата слава.

„Би сакала да живеам 150 години, со цигара во едната рака и чаша виски во другата“, изјавила Ава.

Таа пушела многу и како резултат на тоа се разболела од емфезем, како и од нарушување на имунолошкиот систем. По два мозочни удари во 1986 година, кои ја оставиле делумно парализирана, Ава Гарнер починала од пневмонија на 25 јануари 1990 година, на 67 годишна возраст.

„Многу сум уморна!“, биле последните зборови на Ава Гарднер.

Иако имала финансиски средства за да го плати своето лекување, во последните неколку години, за неа се грижел Френк Синатра, кој годишно плаќал по 250.000 американски долари за медицинска нега за Ава.

Кога пристигнала веста дека Ава починала, една од ќерките на Синатра го пронашла својот татко на подот, губејќи се од плачење и беспомошност.

На погребот на актерката, црна лимузина била паркирана зад колоната од петстотини луѓе кои присуствувале тој ден. Никој не излегол од автомобилот. Се претпоставува дека тоа всушност бил Френк Синатра. Букетот на гробот на Ава имал едноставна порака: „Со љубов, Френсис“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот