Манчестер јнајтед - Вест хем/Manchester United

ФОТО+ВИДЕО: Јунајтед во 95. минута се спаси од пораз, но најпознатиот навивач ќе продолжи да чека шишање

Maнчестер јунајтед вечерва се спаси од пораз со гол во последните моменти одигувајќи 1-1 против Вест хем, но тоа не му помогна на популарниот навивач Франк Илет кој чекаше победа.

Навивачот кој до денес помина 493 без шишање од ветувањето дека нема да ја скрати косата се додека неговиот Јунајтед не врзе пет победи во низа ќе мора да почека. Јунајтед првпат од неговото ветување врза четири победи и дојде на чекор, меѓутоа вечерва неговиот омилен тим не успеа да дојде до три бода.

Не беа избраниците на Керик на нивото од претходните дуели во кои забележаа победи против Тотенхем, Фулам, Арсенал и Манчестер сити, па „чеканите“ тоа знаеа да го искористат. Каков натпревар одиграа гостите доволно зборува податокот дека вечерва се до голот на Шешко во самата завршница во петтата минута од судиското продолжение имаа само два удари во рамките од голот.

Вест хем претходно дојде до водство кога Томаш Соучек погоди по асистенција од Боувен на почетокот од вториот дел во 50-тата минута. Се тресеше мрежата на домаќините и во 63. минута, меѓутоа тој гол на Касемиро беше поништен поради офсајд.

На останатите три средби кои завршија нешто порано, Челси и Лидс ремизираа 2-2, Бормут го победи Евертон со 2-1 и Њукасл славеше на гости кај Тотенхем со истиот резултат.

ВИДЕО: Пике со ножици го бркаше виралниот навивач на Јунајтед кој чека уште една победа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот