Пике и Франк Илет/Screenshot/X

ВИДЕО: Пике со ножици го бркаше виралниот навивач на Јунајтед кој чека уште една победа

Навивачот на Манчестер јунајтед, Френк Илет, во последните неколку месеци прерасна во вистинска интернет-сензација. Причината е необичното ветување што го даде пред речиси 500 дена дека нема да се потстрижи сè додека неговиот омилен клуб не забележи пет победи по ред.

Денеска се навршуваат 493 дена откако Илет последен пат бил на фризер, а неговата коса во меѓувреме прерасна во вистински „заштитен знак“. Иако е блиску до исполнување на ветувањето, потребна е уште една победа.

Вечерва Манчестер јунајтед гостува кај Вест хем на Олимпискиот стадион во Лондон, во обид да ја оствари петтата последователна победа, откако претходно ги совлада Манчестер сити, Арсенал, Фулам и Тотенхем.

На социјалните мрежи денеска се појави и интересна снимка на која легендарниот дефанзивец Жерар Пике, со ножици во рацете, го „брка“ Илет со намера конечно да го потстрижи. Сепак, навивачот и фановите на Јунајтед му порачаа на Пике дека ќе мора да почека уште малку, барем до евентуалната победа против Вест хем.

Натпреварот меѓу Вест хем и Манчестер јунајтед е закажан за вечерва со почеток во 21:15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот