ФОТО+ВИДЕО | Голотија и порно-фотографии: Шокантната серија на Ејџ-би-о „Idol“ прикажана во Кан

Фото: Instagram/ festivaldecannes

Шокантната серија „Idol“, во која глумат Лили Роуз Деп и пејачот Д Викнд, премиерно се прикажа на Канскиот филмски фестивал. Ова е првата телевизиска серија која се промовира пред публиката на овој реномиран филмски фестивал.

Фото: Instagram/ festivaldecannes

Пред прикажувањето, неколку луѓе блиски до продукцијата на серијата излегоа во јавноста со тврдења дека серијата вклучува насилни, претерано сексуализирани сцени кои дури отворено промовираат силување. Овие тврдења првпат се појавија во магазинот „Ролинг Стоун“, кој се повика на 13 анонимни извори за кои тврди дека се вработени на снимањето на серијата на „Ејџ-би-о“.

Фото: Profimedia

Магазиниот „Варајети“ исто така, пренесува дека во серијата може да се види голотија, порно фотографии, мастурбација со коцки мраз и измамници кои поседуваат ноќни клубови.

Фото: Instagram/Lily-Rose Depp

По ваквите остри критики и обвинувања, „Ејџ-би-о“ реагираше со своето соопштение, во кое се вели дека во текот на процесот, креативниот тим се посветил на создавање безбедност, соработка и взаемно почитување во работната средина. Тие потврдија дека минатата година тимот направил креативни промени за кои сметале дека се во најдобар интерес и на продукцијата и на актерската екипа.

Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Меѓутоа, и покрај бројните критики и осуди, екипата на „Idol“, на премиерата во Кан беше поздравена со петминутни овации.

На каналите на „Ејџ-би-о“ , контроверзната серија ќе почне со емитување на 4 јуни кога и самите гледачи ќе можат да го дадат своето мислење.

 

ВИДЕО | Д Викенд и ќерката на Џони Деп непристојни во контроверзниот трејлер за „The Idol“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот