ФОТО+ВИДЕО: Флуминенсе за првпат во историјата е шампион на Јужна Америка

Флуминенсе го освои „Копа Либертадорес“/фото: EPA-EFE/ANDRE COELHO

Фудбалерите на Флуминенсе за првпат во својата 121-годишна историја го освоија најголемиот трофеј во Јужна Америка – „Копа Либертадорес“, откако победија во финалето против Бока Јуниорс со 2:1.

Нивниот најголем градски ривал Фламенго повеќе не е единствениот тим од Рио кој може да се пофали со титулата шампион на Јужна Америка. Каде друго освен на нивната „Маракана“ во дуел кој покажа сè што нè тера да го сакаме јужноамериканскиот фудбал.

На „Маракана“ имаше 80.000 навивачи, а на плажите на Копакабана, според некои проценки, околу 150.000.

фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI
фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda
фото: EPA-EFE/Andre Coelho
фото: EPA-EFE/Andre Coelho
фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Во 36 минута Флуминенсе поведе преку Кано (1:0), голема заслуга за голот има Кено, кој прво одигра двојно додавање со Аријас, а потоа го пронајде својот напаѓач, кој одлично се избори за ударот и го совлада поранешниот аргентински репрезентативен голман. Тоа беше резултатот по првите 45 минути.

Израмнувањето дојде во 72 минута преку перуанскиот бек Адвинкула кој упати „проектил“ кој Фабио можеше само да ја испрати со поглед.

Клучниот момент се случи во продолженијата, односно во 99 минута кога херој на Флуминенсе беше Џон Кенеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот