ФОТО+ВИДЕО | Ѕирнете во домот на семејството Мекалистер: Куќата во која се снимаше „Сам дома“

Фото: Airbnb/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Многу луѓе кои го гледале божиќниот класик „Сам дома“ беа воодушевени од изгледот на куќата на семејството Мекалистер. Првите два филма се снимени во огромна и убава куќа во Винетка, недалеку од Чикаго.

Сцените на отворено се снимале околу куќата, додека за снимањето на сцените внатре користеле сет изграден во спортската сала на напуштено училиште. Од внатрешноста на оваа куќа за снимање биле користени дневната соба и големите скали во ходникот.

Фото: Airbnb/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Некои веќе можеа да видат како оваа куќа изгледа во реалноста во 2011 година, кога семејството Абендшиен реши да ја продаде за 2,4 милиони долари. Таа куќа ја купиле во 1998 година, за 800 илјади долари помалку.

Фото: Airbnb/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Куќата има 10 спални соби и шест бањи, а агентот за недвижности Мариса Хопкинс пред неколку години објави видео на YouTube во кое покажува како изгледа куќата внатре и надвор.

Фото: Airbnb/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Обожавателите сè уште ја посетуваат куќата, особено за време на празниците. Пред две години, Airbnb воодушеви многумина и им даде можност на фановите да поминат еден ден во домот на Кевин и неговото семејство. Тогаш куќата беше уредена како на филмот.

Фото: Airbnb/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот