ФОТО+ВИДЕО | Двојничката на Меган Маркл: Ме напаѓаат поради сличноста, но ме честат пијачки

Девојка стана вирален хит на ТикТок поради нејзината сличност со Меган Маркл.
Сидни Беклес која е „копија“ на Меган Маркл се соочува со исмејување на социјалните мрежи поради тоа што неверојатно личи на војвоткта од Сасекс.
Ова започнало кога поранешната актерка Меган Маркл почнала да се забавува со принцот Хари, но вистински вирален хит станало во 2020, објави „Њујорк пост“.
@sidney.vb Listed a bunch of products that I got! Deffo worth the hype🫶🏽 #fyp #tiktoktrending #makeup #hairtok ♬ original sound – sidney.vb
Беклес тврди дека не добива никаков „кралски“ третман поради сличноста со Меган. Дваесет и едно годишната девојка добива безброј онлајн коментари, вклучувајќи и забелешки насочени кон Маркл како, на пример, „Таа е лоша личност“, „Не би била горда на сличноста со неа“ или „Те жалам, луѓето мислат дека и ти си лажга како неа“.
View this post on Instagram
„Повеќето коментари се насочени конкретно кон Меган и забелешки дека не треба да се гордеам со тоа што личам на неа“, изјавила Беклес за порталот Нидтуноу (NeedToKnow.Online). „Генерално луѓето коментираат позитивни работи, оние највообичаените како „Мислев дека е Меган Маркл“, „Изгледеш исто како неа, таа е толку убава“, а истото се случува и кога ќе ме видат во живо“, додава Беклес.
Додека константно ја исмејуваат онлјан, во живо вели дека не го добива тој третман, всушност спротивното, сличноста со Меган ѝ обезбедила бесплатни пијалаци на вечерните излегувања.
View this post on Instagram
Иако светот мисли дека е пресликана „копија“ на Меган Маркл, таа не мисли така. „Мислам дека од некои агли личам на неа, особено ако косата ми е исправена, но генерално никогаш не би ми текнало такво нешто доколку не ми беше посочено. Мислам дека имаме слични црти на лицето, конкретно во насмевката. Мислам дека е комплимент тоа што луѓето ме споредуваат со неа, таа е прекрасна жена“, признава Беклес.
View this post on Instagram
Беклес мисли дека е убаво тоа што луѓето ја препознаваат и коментираат, но сепак, таа не би сакала нејзиниот живот и реалност да го помине во сенка на друга личност, таа би сакала да биде препознатлива по тоа што е таа самата.
ВИДЕО | Хари и Меган првпат во јавност по шокантните мемоари на принцот
Со голи раце ископал гроб: Принцот Хари во мемоарите напиша за спонтаниот абортус на Меган