ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс во бикини покажа како заводливо танцува на шипка

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Познатата пејачка Бритни Спирс (41) заигра на шипка за танцување, а на социјалните медиуми покажа како знае да се забавува.

Пејачката во видеото кое го сподели на нејзиниот Инстаграм профил, носеше бикини со леопард принт, долги ракавици и црни чизми до колена. На песната „Closer“ од бендот „Најн инч неилс“, поп-ѕвездата во својот дом се вртеше на шипката за танцување, која призна дека ја користи за првпат.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Оваа шипка ја добив пред два дена и синоќа првпат ја пробав“, напиша во описот на видеото.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Коментарите на објавата беа исклучени, оставајќи ја пејачката да го покаже своето танцување на шипката.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Бритни го сподели видеото неколку дена откако „Пејџ сикс“ објави дека таа неодамна повторно се поврзала со своите синови, Шон Престон (17) и Џејден (16), кои наводно биле „засрамени од нејзините секси објави“ на социјалните медиуми во минатото.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Телохранител на НБА ѕвезда ја удри Бритни Спирс: Пејачката го пријави во полиција

„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот