Бритни Спирс со Ким и Клои Кардашијан / Фото: Скриншот/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс се дружеше со сестрите Кардашијан: „Фотографиите се направени во вештачка интелигенција?“

Поп-ѕвездата Бритни Спирс сподели видео од „пижама-журка“ кај семејството Кардашијан, само една недела по нејзиното враќање на Инстаграм. Спирс постојано ги шокира обожавателите со своите објави на социјалните мрежи, а неодамна го избриша својот профил, па повторно го активираше. Сега откри дека се дружела со сестрите Ким и Клои Кардашијан, а луѓето во коментарите се прашуваат – дали фотографиите се направени со вештачка интелигенција?

На својот повторно активиран профил, Спирс објави видео со сестрите Кардашијан и напиша: „Толку топло, прекрасно и љубезно семејство… Ви благодарам што ми дозволивте да си играм со вашите деца и да вечерам со вас!!! Ми беше чест да го поминам времето со вас! Среќни празници“.

Имено, Ким исто така сподели две инстаграм-стории од дружењето, на кои се појавува и нејзината помлада сестра Клои. Долгогодишниот близок пријател на Спирс, Кајд Хадсон, за кого се смета дека моментално ѝ е менаџер, бил дел од гламурозната ноќ.

„Ноќи во Калабасас“, напиша Ким над една од фотографиите, алудирајќи дека таа или Клои биле домаќинки на забавата, бидејќи населбата е позната како „енклавата на Кардашијан“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Обожавателите беа шокирани од овој славенички „судир“, па некои на социјалните мрежи се запрашаа дали фотографијата е создадена со вештачка интелигенција.

„Мислев дека е вештачка интелигенција… Сè уште мислам дека е“, напиша еден корисник на Редит, на што друг одговори: „И јас! Не знам зошто луѓето толку брзо го отфрлија тоа. Можеби не сфаќаат колку е напредна вештачката интелигенција кога станува збор за имитирање луѓе, ниту пак колку нејзините видеа знаат да бидат чудни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот