Фотографија како предупредување: Ова е изгореницата која моето дете ја доби од полначот за мобилен (ФОТО)

профимедиа

Една мајка на Фејсбук ги предупреди сите родители на незгодата која и се случила на нејзината мала ќеркичка…

Мајката од Австралија на Фејсбук групата CPR Kids објавила фотографија со изгорениците на шаката на нејзината ќерка која и ја направил полначот за телефон.

– Полначот ја фрли преку целата соба и потоа започна да фрла искри. Поминавме застражувачка ноќ во болница, раскажала мајката.

– Ќерката се обидувала да го стави полначот во струја кога го добила елктричниот шок. Се се случи пред мене, а јас не ни бев свесна дека таа знае како полначот треба да го вклучи во струја, вели разочараната мајка.

Детето се обидувало телефонскиот дел од полначот да го вметне во струјата а тогаш штекерот започнал да искри, а црн чад почнал да излегува од ѕидот. Струјата го фрлила девојчето неколку метри.

Thank you to the mother who shared the below post as an important reminder. We are so glad your little one is okay! ;"…

Publiée par CPR Kids sur Mercredi 27 novembre 2019

За среќа, детето поминало без последици. Заработила изгореница на шаката, а со ова мајката сака да ги предупреди другите родители да бидат повнимателни од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот