ФОТОГАЛЕРИЈА | Ревијата на „Викторија Сикрет“ се враќа: Многу познати дами блеснаа на розевиот тепих на гала вечерта

Фото: Instagram

По четири години пауза, се враќа годишната ревија на „Викторија Сикрет“. Од 2018 година брендот за долна облека направи огромни промени. Помина времето на дијамантски градници, експлицитна и провокативна долна облека, според компанијата новата колекција ќе биде фокусирана на поинклузивна дефиниција за убавина, пишува „Вог“.

Емили Ратајковски Фото: Instagram/ victoriassecret

Минатата вечер во Њујорк, брендот откри како ќе изгледа новата верзија на нивното најпознато шоу. Настанот од сега ќе се нарекува, „Шоу на светската турнеја на Викторија Сикрет“, а планирано е да ја вклучи работата на дизајнери од различни делови на светот, различни религии, големини на телото и боја на кожа.

Адриана Лима Фото: Instagram/ victoriassecret

Новото шоу ќе има премиера на „Амазон прајм“ на 26 септември. Според странските медиуми, ревијата ќе биде прикажана како документарен филм кој ќе ги спои модата, филмот, културата и музиката.

Џиџи Хадид Фото: Instagram/ victoriassecret

На гала вечерта во Њујорк, пристигнаа најпознатите манекенки на светот, меѓу кои Емили Ратајковски, Џиџи Хадид, Наоми Кембел, Адриана Лима и Кендис Свонпул. Дојдоа и други познати личности, да ја поддржат новата визија на брендот, а сите пристигнаа во интересни модни комбинации.

Кендис Сванпул Фото: Instagram/ victoriassecret
Наоми Кемпбел Фото: Instagram/ victoriassecret
Пријанка Чопра Фото: Instagrma/ victoriassecret
Доџа Кет Фото: Instagram/ victoriassecret

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот