ФОТО | Здравко Чолиќ фотографиран во авион, пие вино во 7 часот наутро

Фото: Промо

Здравко Чолиќ привлекува внимание каде и да се појави во регионот, а неодамна беше фотографиран за време на раниот утрински лет. На социјалните мрежи се споделува фотографија од пејачот, а во центарот на вниманието е пијалакот кој го избрал во седум часот наутро.

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа Чолиќ, а пред него стои мало шише вино.

„Здравко Чолиќ е фотографиран во авион. Еве што пие во седум часот“, се наведува во описот на фотграфијата која на Инстаграм ја објави Srbija Showbizz, а токму изборот на пијалок на регионалната ѕвезда предизвика бројни коментари.

Фото: Инстаграм/ srbija_showbizz

„Па добро, така се чувствувал во моментот. Сите ние сме понекогаш Здравко“, вели еден корисник на социјалните мрежи, осврнувајќи се на фотографијата.

Додека едни сметаа дека неговиот избор на пијалок не треба да биде тема на разговор, други најдоа повод за шеги и напишаа: „Нема ракија, го сменил пијалакот“, „Дали е точно седум часот?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот