Претседателот на Управата за медиуми и телекомуникации Али Ал-Муајад „ја суспендираше лиценцата за работа на шведската компанија Ериксон на територијата на Ирак“, се вели во соопштението пренесено од државната новинска агенција ИНА. Според властите тоа е одговор на „овластувањето дадено од шведската држава да се запалат Куранот и ирачкото знаме“.

Демонстрантот на крајот ја сквернавеше исламската света книга газејќи ја, но не ја запали. /