ФОТО | Закерберг сподели фотографија од бремената сопруга со која го чека третото дете

Фото: Инстаграм, Марк Закерберг

Марк Закерберг објави фотографија на Инстаграм со бремената сопруга Присила со која го очекува третото дете.

„Среќна Нова година! За сите авантури и љубови што доаѓаат во 2023“, напиша 38-годишниот основач на „Фејсбук“ и „Мета“, кој со сопругата Присила Чен веќе има две деца, седумгодишната ќерка Максима, родена во декември 2015 година и петгодишниот Август, роден во август 2017 година. На фотографијата објавена на 1 јануари, Закерберг е облечен во смокинг и едната рака ја држи на трудничкиот стомак на неговата сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Парот веќе го објави доаѓањето на третото дете, а Закерберг изјави дека му е мило што Макс и Август следната година ќе добијат сестра.

Закерберг и неговата сопруга, 37-годишна филантропка и поранешна педијатарка, се запознале во 2003 година, во ред за тоалет, додека двајцата сè уште биле студенти на Харвард. Набрзо почнале да излегуваат и се венчале девет години подоцна, во 2012 година, на интимна церемонија во нивниот двор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


По раѓањето на првата ќерка, двојката преку отворено писмо објави дека најголемиот дел од парите ќе ги дадат во добротворни цели, а не на своите деца. Закерберг и Чен заеднички ја покренаа Чен Закерберг иницијатива, организација посветена на „персонализирано учење, лекување болести, поврзување луѓе и градење силни заедници“, и рекоа дека 99 отсто од нивните акции на „Фејсбук“ ќе вложат во таа цел.

Богатството на основачот на Фејсбук надмина 100 милијарди долари

Марк Закерберг и Бил Гејтс ќе дадат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот