Марк Закерберг и Бил Гејтс ќе дадат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Фондот на Гејтс и неговата сопруга Мелинда има околу 50 милијарди долари.

Претседателот на Фејсбук Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан заедно со добротворниот фонд на еден од основачите на Мајкрософт Бил Гејтс, ќе дадат 25 милиони долари за истражување на препарати, со кои може да им се помогне на заразените со коронавирусот.

Ова го соопштија Закерберг и Чан во денешното интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Фондот на Гејтс и неговата сопруга Мелинда има околу 50 милијарди долари. Меѓу основните области во кои финансира, е и борбата со опасни болести во земјите во развој, како и програми во здравството и образованието во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот