ФОТО | Заборавениот „Американски план“: Жените биле затворани зашто се верувало дека се сексуално неморални

Фото: Profimedia

Во текот на 20 век во Америка била широко распространета малку позната владина програма, поради која луѓето без судење, само затоа што имале сексуално преносливи болести, биле присилувани на опасно „лечење“. Тоа главно се однесувало на жените, пишува History.com.

Во 1919 година, во Сакраменто, Калифорнија, само за еден ден властите собрале 22 жени. Една од нив била Маргарет Хенеси, уапсена додека одела до месарница со сестра и.

Хенеси, која живеела во Ричмонд, во Калифорнија со сопругот, се опоравувала од грип и престојувала во куќата на нејзината сестра. Додека двете жени оделе да пазарат, им пришол полицаецот Рајан и други припадници на „одделението за морал“, единица која била формирала тоа утро, а која имала задача да го исчисти градот од пороци и неморал.

Фото: Profimedia

Полицијата на двете жени им рекла дека се „сомнителни“. Хенеси се обидувала да објасни која е и што прави во Сакраменто. Се обидела да ја покаже личната карта. На полицијците им рекла дека нејзиниот шестгодишен син оди во училиште во локалниот манастир и ако ја уапсат некој ќе мора да се погрижи за него. Полицајците не обрнувале внимание и само ги однеле во болница.

„Американскиот план“

„Одделението за морал“ ги однело Хенеси и сестра и во „Канарската викендица“, позната градска изолациона болница. Таму лекар ги прегледувал нивните гениталии за да утврди дека имаат сексуално преносливи болести.

Фото: Profimedia

-Во болницата бев приморана на преглед како да сум една од најдеградираните жени на светот. Сакам да кажам дека никогаш во животот не сум била толку понижена. Мојата репутација ми значи и подготвена сум да ја бранам – изјавила Хенеси подоцна за локалните весници.

Фото: Profimedia

Искуството на Маргарет Хенеси било повеќе од необично. Била уапсена со програмата за која веројатно никогаш не слушнала – „Американски план“.

Од 1910-тите до 1950-тите, а во некои места и во текот на 60-тите и 70-тите, десетици илјади жени во Америка биле приведувани и насилно носени на гинеколошки прегледи. Програмата настанала по примерот на некои европски програми, според која официјални лица следеле „сомнителни“ жени, ги апселе и ги тестирале.

Ако би се покажало дека се позитивни, биле затворани во казнени установи без никаква постапка. Иако многу записи на таа програма се изгубени или уништени, принудниот затвор траел од неколку денови до неколку месеци.

Запсите покажуваат дека во овие институција, на жените им била вбризгувана жива и биле принудени да земаат лекови на база на арсен, за лечење сифилис. Ако се однесувале лошо или ако не покажувале „соодветно“ женско почитување, овие жени биле претепувани, потопувани во ладна вода, ставани во самица или дури и стерилизирани.

Фото: Profimedia

Закана за војниците

„Американскиот план“ е развиен во текот на Првата светска војна, а неговата цел била да се спречи војниците и морнарите да добијат сексуално пренослива болест. Официјалните лица во 1917 година биле зачудени со фактот дека голем процент од војниците (дури во некои случаи еден од три) биле заразени со сифилис или со гонореја.

Болестите не биле закана само за здравјето, туку и за националната безбедност.

Со оглед на тоа, официјалните лица го усвоиле федералниот закон со кој се забранувала сексуална работа во рамките на петкилометарската „морална зона“ на секој воен камп во земјата. Кога откриле дека поголемиот дел од жените кои наводно ги заразиле мажите не биле проститутки, програмата била проширена.

Фото: Profimedia

Апсењата во Сакременто

Денот кога била уапсена Маргарет Хенеси, таа не била единствената уапсена. Полицаецот Рајан и другите имале бурно утро. Тој ден биле уапсени 22 жени.

Маргарет и нејзината сестра вечерта биле пуштени бидејќи тестирањата покажале дека не се заразени. Всушност, 16 од нив биле пуштени веднаш, шест биле задржани во текот на денот, а само една била позитивна.

Американскиот план“ бил исклучително сексистички и немал никакви допирни точки со јавното здравје. Жените биле затворани и „заради промена на работата, односите со мажите, сомнителен начин на одење по улица, па дури и без никакви причини.“

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот