ФОТО | Врската на Леонардо Дикаприо и 23 години помладата девојка станува сериозна: На одмор во Рим се заедно со мајка му
Леонардо Дикаприо и неговата 26-годишна девојка Виторија Серети се фотографирани задно во Рим.
Препорачано
Двојката замина во Италија откако Виторија имаше неколку ревии на модната недела во Париз. Фотографите ги фатија актерот и манекенката како се гушкаат на скалите, а потоа и на романтична вечера во еден од локалните ресторани.


Леонардо и Виторија претходно ги рагледувале најголемите знаменитости во Рим. Актерот најчесто се шетал по улиците со маска за лице. Со познатиот пар во Рим одмораат и мајката на актерот, Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард.
49-годишниот актер веќе некое време престојува во Италија. Многумина веруваат дека тој сака да избега од скандалот што ја тресе Америка.
Дикаприо, всушност, се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Дикаприо бил омилениот гостин на забавите на Диди.
Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Дикаприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден.


