Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Герасимовски

ФОТО: Вработените во Општина Центар вежбале стратешки вештини и го јакнеле тимскиот дух на викенд во Крушево

Колку ова работење и тим-билдинг ги чини граѓаните од Центар, не е познато.

Вработените во Општина Центар минатиот викенд биле во Крушево каде, како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, реализирале продуктивен работен викенд во Крушево, посветен на „Стратешко планирање со индивидуално акциско планирање“.

Имавме интерактивни сесии и практични вежби за унапредување на стратешките вештини и дефинирање конкретни и јасни временски рамки, со цел да бидеме поефикасни поорганизирани и поуспешни во работата – тврди градоначалникот, објаснувајќи ја во јавноста посетата на Крушево.

Фото: Општина Центар

Освен што работеле, вработените имале и тим билдинг активности, како на пример посета на Македониумот, односно споменикот „Илинден“ , искачување во Адреналинскиот парк и слично, кои според Герасимовски придонеле за зајакнување на тимскиот дух, подобра комуникација и поголема меѓусебна доверба.

Фото: Општина Центар

Оваа иницијатива е уште еден чекор кон градење модерна, професионална и ефикасна администрација во служба на граѓаните – напиша Герасимовски на Фејсбук.

Колку ова работење и јакнење на тимскиот дух на вработените од Општината ги чини граѓаните од Центар, градоначалникот не соопшти.

Фото: Општина Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот